
Само една поднесена кандидатура за листа на Советници во Општина Штип на еден ден до истекување на рокот. До 10 септември нешто по 14 часот советничка листа поднеле само од политичката партија ТМРО, истакна Виктор Вацев , претседател на ОИК. Кандидатура за градоначалник и за други листи на советници се уште нема.
„До сега моментално до 14.15 минути кога се јавувате има поднесено само една кандидатска листа за листа на советници во Совет на Општина Штип. Се уште чекаме рокот е до утре до 11.09 до полноќ, чекаме уште значи само една листа имаме поднесено од политичката партија ТМРО.“- додаде Вацев.
Во Штип има 80 избирачки места, без промени. Се чека од Државната изборна комисија насоки кога ќе бидат обуките за новите членови на избирачките одбори. Инаку, во ОИК Штип утре до полноќ ќе има дежурна екипа која ќе ги чека кандидатурите за градоначалник и советници во Советот во Општина Штип, додаде Вацев.
Лаура Стојанова М-Нет