Кочанското основно училиште „Малина Поп Иванова“ го одбележа својот патрон празник

Со положување цвежо цвеќе и пригодна манифестација ООУ „Палина Поп Иванова“ Кочани го одбележа својот патрон празник. Се одбележаа 122 години од рагањето на Поп Иванова, а учениците и наставниците по тој повод организираа соодветна програма.

„Со пригодна манифестација која е подготвена од учениците и со положување на свежо цвеќе ќе оддадеме почит кон патронот на нашето училиште.“ – вели Петров.

Во денешната прилика директорот посочи дека во ова основно ичилиште постојано се работи на усовршување на условите за настава како за децата така и за наставниот кадар. Дециден е и дека ова ќе продолжи и во иднина.

„Во училиштетото постојано се работи за подобрување на наставата и за децата, набавуваме нагледни средства. Најважно е она што го направивме минатата година – двете училници кои се за прво одделение. Тие се комплетно реновирани во ново руво и во нашето училиште сега имаме и паралелка со продолжен престој.“ – вели Петров.

На свеченоста во салата на училиштето учениците читаа литературни творби во чест на патронот, драмскo-рецитаторска изведба, настап на фолклорната секција, уметнички-модерен танц, презентација на боречки вештини и техники, додека уметничкиот дел на настанот беше доверен на училишниот хор и оркестар.

Лаура Стојанова М-Нет