
После долги години започнат е проект за реконструкција и конзервација на Саат кулата во Штип. Како културно спомен обележје на овој локалитет долги години се нема променето ништо. Денеска како заеднички проект на Општина Штип и Карбинци, Саат кулата во Штип треба да го врати првобитниот сјај.
Саат кулата во Штип е изградена некаде во 17 век , како беговска кула за одбрана и живеење, а некаде во втората половина на 19 век е претворена во саат кула со саатен механизам и камбана. Меѓутоа по 1934 година на оваа кула се немаат преземено никакви активности. Со овој проект на Општина Штип и Карбинци, кулата ќе биде вратена во правобиниот беговски изглед, со поставување на дрвени скали и функционален саат.
„Со реализиација на овој проект ќе се зачува првобитниот проект на беговската кула. Проектот предвидува изградба на дрвени скали во внатрешноста на самата кула, а проектот ќе се заопкружи со заживување на функцијата која што ја вршел во текот на 19 и 20 век тоа е осовременување на саат механизмот и поврзување на истиот со канбана.“ – истакана градоначалникот на оптина Штип, Сашко Николов.
Овој проект има огромна важност не само на лкално и регионално туку и на национално ниво. Директорот на завод и музеј Штип, Митко Штерјов , истакна дека на овој проект е започнато да се работи уште минатата година, и среќен е што конечно по 80 години ќе се реализира тој проект. За проектот со саат кулата во Штип се обезбедени околу 5 милиони и 600 денари.
Во Штип постојат многу споменици кои вредат и треба да се обновуваат односно конзервираат. Овде се средновековната тврдина во градот, споемн куќите, па куќите во Ново село кои се репрезент на 19 век, св.Илија, во главно некаде околу 15 споменици кои заслужуваат да бидат реконструирани. Штрејов смета дека се на добар пат.
Лаура Стојанова М-Нет