
Се зголемува бројот на слободни кревети за ковид пациентите во Источниот дел од државата. Во кочанската Општа болница со проширена дејност, откако од вчера одделот за Физикална медицина не е наменет за ковид пациентите, во модуларната ковид болница хоспитализирани се 17 пациенти, од кои 10 имаат потреба од кислородна поддршка. Слободни се 12 кревети, а едно лице од Кочани ја изгубило битката со ковид 19, истакна директорот на болницата, Александар Серафимов. Во штипската Клиничка болница хоспитализирани се вкупно 70 пациенти, од кои 37 во модуларната болница и 33 на Инфективното одделение. Во последните 24 часа регистрирани се 7 новозаразени ковид лица исто толку се и оздравени. 53 пациенти имаат потреба од кислородна поддршка. Слободни се 32 кревети, 8 во модуларната болница и 24 на Инфективното одделение без можност за кислородна поддршка, истакна потпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Со намалување на бројот на новозаразени од ковид 19, и намалување на притисокот врз болниците, благо се лабавија и рестрикциите. Меѓутоа се претпорачува максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од невидливиот непријател.
Според информации од Министерството за здравство, вкупната бројка КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 151.122, бројката на оздравени пациенти е 130.910, на починати е 4.742, а бројот на активни случаи изнесува 15.470 лица.
Лаура Стојанова М-Нет