РЦУК Штип известува: Преку бројот за итни повици 112 добиена е дојава за пожар во реонот на Штип (магистралниот пат Штип -Радовиш) 20:54 часот, известени се ТППЕ Штип и по нивното излегување на терен се утврди дека пожарот е во кругот на градската депонија на Општина Штип. Од ТППЕ Штип сме известени дека пожарот е со поголем обем, но поради непрегледноста во ноќни услови не можат да влезат во кругот на депонијата, и затоа ќе интервенираат од раните утрински часови. Подетални информации од страна на ТППЕ Штип ке се добијат во 07:00 часот