Романот „Боксерот од Ново маало“ на Владимир Плавевски ја доби престижната награда „Стале Попов“

Книгата е најдобар пријател на човекот што никогаш нема да ве изневери. Спектарот на зборови се проширува со самиот број  на прочитаните книги, ја подобрува имагинацијата од сите  настани и слики кои ги прикажува самиот автор.  Автор и член на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 година Владимир Плавевски неговиот роман „Боксерот од Ново маало“ во издание на „Арс либрис“ ја доби престижната награда „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2020 година.  Дел од годишните награди што ги доделува Друштвото на писателите на Македонија во состав со тричлено жири.

„Тематиката во оваа книга станува збор за животот и духот на Ново Маало за вистинската приказна и ликот Ангел Тотевски или Шуре Катиљ. Кој бил уличен тепач а преминува во борач и го претставува тоа време. Не сакам да ги откривам дејствијата понатаму,сите љубители може да уживаат.“ Изјавува, Плавевски

За животот  и духот на Ново маало во старото Скопје за вистинската приказна  и за ликот Ангел Тотевски или Шуре Катиљ. Сите љубители на пишаниот збор може да уживаат во дејствијата кои што следуваат. Престижната награда „Стале Попов“ за Плавевски претставува огромно задоволство и му значи премногу.

„Оваа награда ми значи премногу бидејќи, ја добив од луѓето од писателската бранша. Во Друштвото на писателите на Македонија сум од 2000 година и оваа награда ми значи премногу.“ Изјавува, Плавевски

Во литературната книжевност можеме да се пофалиме со млади автори кои имаат добиено и престижни награди. Но, исто така можеме да се пофалиме и со раст на детската литература. Вели, Плавевски.

НадицаСтојковска/ М Нет

Дарко Лазев/ М Нет