Апелационен суд Штип одлучуваше по жалба во случајот со серискиот убиец од струмичко

Одржана седницата на Апелационен суд Штип, за намалување на доживотната казна затвор изречена на убиецот од село Добрејца, струмичко. Врпочем, на  лицето М.В. од село Добрејца му се довари дело убиство на А.М. на 09 октомври 2018 година на подмол начин, според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Убиството било извршено во работилницата на сега обвинетиот кој ја злоупотребил довербата која ја стекнал кај сега починатиот и во моментот кога останале сами испукал два куршуми од огнено оружје со калибар 22 (5,6мм). Потоа, телото го ставил во метален резервоар за гориво кој претходно го имал купено од отпаден пунк во Струмица, обвиткан во полиетиленска фолија. Го затврил резеварот и го фрлил телото во езерото Турија. По одлуката на првостепен суд Струмица лицето М.В. е осудено на доживотна казна затвор. По барање на одбарана се демантираат доказите кои ги има судот и Јавното обвинителство. Адвокатот на обвинетиот со став дека пресудата треба да биде намалена, согласно излагањата во врска со доказите.

На седницата беа проблематизирани доказите, без изложба на олеснителни или отежителни околности. Според адвокатот не се очекува намалување на казната туку се чека пресудата на Апелационен суд. На истата оваа седница од страна на Судот и Јавното обвинителство беа истакнати сведочењата на 10 тина сведоци во врска со споменатото убиство. Се сослуша и одбарана како и самиот обвинет. На речиси идентичен начин, со пукање куршуми со ист калибар 22 (5,6мм) е убиен и Р.И. дело кое исто така се товари на М.В. Во февруари минатата година Основен суд Струмица му изрече казна затвор од 20 години. Осомничениот М.В. моментално ја извршува казната затвор од 20 години за претходното убиство, а во сегашната доживотна казна затвор е пресметана и претходната казна од 20 години.

Лаура Стојанова М-Нет