РК Младост 1977 се засили со Марио Миланов – суперлигашко искуство во Богданци

Есенскиот шампион РК Младост 1977 активно се подготвува за продолжението од сезоната и официјално го претстави новото засилување во својот ростер. Станува збор за 25-годишниот ракометар Марио Миланов, кој ќе го носи дресот на Младост најмалку до крајот на актуелната сезона.

Миланов настапува на позициите лев и среден бек и во Богданци пристигнува со значајно суперлигашко искуство. Во досегашната кариера бил дел од неколку реномирани македонски клубови, меѓу кои РК Бутел, РК Голден Арт и РК Фруит Ленд Борец, што претставува сериозен адут за екипата во вториот дел од првенството.

Од редовите на Младост 1977 истакнуваат дека ангажманот на Миланов е дел од стратегијата за зацврстување на бековската линија и зголемување на квалитетот во нападот и организацијата на играта, со цел подобри резултати во продолжението од сезоната.