„Рисовите“ се во Прага – утре ќе се одработи единствениот тренинг пред соочување со Украина

Македонската фудбалска репрезентација пристигна во Прага откако околу 16 часот полета од Скопје со чартер-лет.

Во Прага нашата најдобра репрезентација ќе го одигра клучниот квалификациски натпревар против селекцијата на Украина. Момците на Благоја Милевски ќе ги одмерат силите со квалитетен ривал, а ние имаме причина за „одмазда“ за несреќниот пораз од Скопје во првиот меч, кога несреќно загубивме со 2:3.

Телевизија М Нет ќе има своја екипа на „Епет Арена“ во Прага, а како што веќе објавивме пред полетувањето од аеродромот во Скопје, нашите момци заминаа во одлична и позитивна атмосфера и со надеж за победата и со тоа да ни се отворат вратите за пласман и учество на ново Европско првенство.

Натпреварот на „Епет Арената“ ќе биде тежок, Украина е квалитетен противник, но наште фудбалери се во одлична форма, откако во минатиот месец забележавме реми со големата Италија и триумфот над Малта на Островот и со тоа влеговме во игра за второто место и пласман на континенталниот собир.

Македонската репрезентација утре ќе го одржи единствениот тренинг, за што телевизија М Нет ќе известува директно од тренингот на нашиот национален тим, а потоа фокусот ќе биде на главната задача.

Натпреварот меѓу Украина и Македонија ќе се одигра в сабота со почеток од 15 часот. Колку за потсетување во нашата група Ц лидер е Англија со 13 бодови, со по 7 бодови Италија, Украина и Македонија го делат второто место, а без бодови на дното е Малта.

Англија дефинитивно како прва и веќе сигурно патува на ЕП, борбата меѓу Македонија, Украина и Италија ќе се решава во следните натпревари кој ќе биде втор и ќе обезбеди пласман на Европското првенство.

ЕП 2024 ќе се одржи во Германија во период од 14. јуни до 14 јули.