Речиси 200 планинари го искачија врвот Панаѓур на Осоговските планини во чест на Стамен Каровски

Речиси 200 планирани беа дел од првиот меморијален марш кој се организираше во чест на Стамен Каровски. Вљубеници во природата, планинари од Кочани, регионот и државата го искачија врвот Панаѓур на Осоговските планини на надморска височина од 1669 метри. На врвот учесниците со едномитуен молк одадоа чест на прерано починатиот планинар.

„Ова првпат оваа година, се надеваме дека наредните години ќе продолжиме, дека овој меморијален марш ќе помине во традиција, дека догодина ќе имаме уште повеќе луѓе.“ – вели Ефремов.

Планинарите го започнаа искачувањето на врвот од паркингот на СРЦ „Пониква“. Маршуата на движењето беше претежно низ шумска обележана планинарска патека се до врвот Панаѓур. Патеката до врвот Панаѓур е од лесна категорија и планинарите во двата правци ја поминаа за четири часа со попатни паузи и задржување на врвот, кружна патека во должина од 8 км. Учество на маршот зеде и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов.

„Сакам да ја искажам поддршката од името на Општина Кочани и очекувам бројката на посетители наредната година ќе биде поголема.“ – вели Папазов.

Капетан Стамен Каровски меѓу луѓето е попознат како некогашен каратист на кочански Партизан и битолски Пелистер, како и карате репрезентативец на Југославија, а со планинарство започнал да се бави пред околу една деценија. На својата листа има повеќе од 50 врвови, меѓу кои и шесте највисоки на Балканот. Учествувал на многу акции за маркација на планинарски патеки низ Македонија, кои денес се користат од планинарите и љубителите на природата од земјава и пошироко.

Лаура Стојанова М-Нет