На денот на рударите – како е да се биде рудар и се живее ли со рударска пензија?

DCIM\100GOPRO\G0010291.

Ако името му е рудник тогаш работата е тешка – вака Васил Салтиров од Пробиштип зборува за професијата која ја работел долго време. До пред повеќе од две децении работел во рудник, вели потребна е голема грижа за себе за безбедноста на рударот да биде на прво место. Работата е опасна додава, и треба многу внимание.

„До 2000 година работив, после рудникот се затвори и се снаоѓавме кој како знае. Штом името вика рудник знаете дека е тешко. Има опасни работи, се зависи од тебе.

На денот на рударите, пенизонерите велат тешко се живее со рударска пензија. Од 19 илјади до нешто повеќе од 22 илјади денари се пари доволни само за лекови, оти здравјето е далеку од добро со работата во рудниците.

Пред повеќе од една деценија денешниот ден на рударите се славел на многу поинаков начин кој се паметел, сведочат повозрасните граѓаните од Пробиштип. Сега велат работите се многу поинакви, па денот на рударите се празнува на многу поскромен начин.

„Супер, тоа време да се врати супер ќе е . Сега е криза не може народот леб да си купи. Пензии плати, плати мали. Рударите кои работат во јама може да земат и до 40 илјади 50 илјади денари палата. Другите рудари се слаби со плата.

Инаку рударските градови од Истокот за денеска имаат подотвено музичка програма со која се слави денот заштиник на рударите.

Лаура Стојанова М-Нет