
Масовна посетеноста на црквата „Свети Горѓи“ на локалитетот Баргала по повод денешниот празник Голема Богородица. Посетители од регионот, но и цела држава и годинава беа дел од собирот кој традиционално се одржува секоја година на 27 и 28 август. За посетителите беше подготвена и манастирска манџа.
„Подготвивме сега за 500 души манџа, гравче посно без зејтин, 400 леба земаме секоја година за овој празник. Имаме и музика, премногу гости и сите се задоволни“ – рече Илиев.
Од Црковниот одбор посочија дека се задоволни и од организацијата и од посетенста која расте од година во година. Задоволни се и посетителите за кои имаше организирано и бесплатен автобус за да бидат дел од денешниот собит. Народ имаше и вчеравечер.
„Имаме одбор, со сите пријатели и фамилии кои помагаат. За нас е премногу убаво кога луѓето се задоволни, работиме од кеф за манастирот.“ – вели Илиев.
За празникот имаше организирано и музика, од одборот истакнаа дека со оваа траиција продолжуваат и наредниржте години кога очекуваат посетеноста уште повеќе да расте.
Лаура Стојанова М-Нет