Реми на Брегалница и Кожуф, Шкендија Арачиново сезоната ја отвори убедливо

Денес стартуваше новата сезона во Втората лига со мечевите од првото коло, а на стартот од истото Брегалница ремизираше без погодоци (0:0) против Кожуф на Градскиот стадион во Штип, а меч кој можевте да го следите на М Нет телевизија.

Вардар Неготино со победа започна откако со 2:1 славеше над Тетекс на свој терен, а пак Новаци со 2:0 беше сигурен на свој терен против Победа.

Во Македонска Каменица реми со по еден гол на Саса и Осогово (1:1) за поделба на бодовите, а пак Преспа доживеа голем пораз на домашен терен од Шкендија Арачиново со 0:3.

Охрид и Беласица во дерби меч одиграа 1:1, а пак Скопје со минималец 1:0 го доби повратникот Слога од Виница. Убедлива победа забележа и екипата на Детонит Плачковица на гостувањето кај Големо Коњари.

Александар Ванев, М-Нет