
За женидба, за неплодност, за несреќи и болести – лекуваат светите води кај манастирот на преподобната маченичка Параскева, во местото викано Кочански Дол. На ова свето место, каде што жубори водата на Света Петка, скриена меѓу зеленилото и тишината, се случуваат чуда кои медицината не може да ги објасни. Луѓе со тешки болести, оставени без надеж, со години стоејќи пред болничките врати. Но кога слушнале за ова место – дека таму, во Кочански Дол, се случува нешто што не се објаснува, туку се доживува – тргнале. Со солзи во очите, со тешка болка во срцето, но со надеж. И си заминале со вера. Со чаре. Со нов почеток. 88-годишниот дедо Трај Минов, кој веќе 22 години е слуга на светијата, вели дека чуда гледа секој ден.
„Ќе дојде мајка со дете што не зборува – ќе си замине со зборови на усните. Ќе дојде жена што со години не можела да роди – догодина ќе дојде со бебе на раце,“ раскажува дедо Трај со трепет во гласот.
,,Тоа е помеѓу Оризари и Кочани, се вика Кочански Дол, потеклото е од една стара баба. Се викаше баба Гина, она е сонувала некој работи и најпрво имаше водички, а потоа се разви и самото место. Пред мене имаше повеќе луѓе што се обидоа да направат, али не беа компетентни. Јас сум тамо 22 години. Имаме слави три пати: На томина недела, на св Петка 8 август и на мала богородица.“, вели Минов
Извори посветени на Света Петка и Света Недела и на Св. Ѓоргија– води што не се обични Велат, лечат тело, но најмногу – душа. Многумина дошле без верба. Со очи што барале одговор. И сите си заминале со нешто што не се опишува – туку се носи во срцето.
Инаку, Св Петка многупати се докажала како застапница на христијанскиот народ. Насекаде во Македонија таа прави безброј чуда, по која вечно ја паметат, слават и пеат.
Иван Митев, М-Нет