
Штипска Брегалница одигра реми од 1:1 во Радовиш против Детонит Плачковица, со што штипјани повеќе не се лидер на табелата во Втората лига, во меч кој го следевте на М Нет телевизија.
Во рамки на осмата рунда во дербито на Истокот кое се играше во Радовиш, Оливер Христов во 96. минута ги шокираше штипјани за конечни 1:1, откако претходно во 57. минуа гол даде Давид Калпачки за водство на Брегалница.
Новаци и Башкими одиграа 0:0, а пак Македонија ЃП на „Железарница“ со голот на Алексеј Славков дојде до минимална победа од 0:1 над Скопје со што „лавовите“ сега се лидери на табелата.
Вардар Неготино не знае за триумф со што влезе во резултатска криза откако во Струмица загуби од прилепска Победа со резултат од 1:2. Крстев во 4. минута погоди за 1:0, а до крајот на првиот дел Спиркоски и Талески погодија за конечни 1:2, откако во вториот дел немаше голови.
Беласица со голот на Зак Кочанковски конечно стигна до првата сезонсак победа откако со минимални 0:1 славеше над Вардарски во Богданци, а пак Осогово на домашен терен беше поразен со 1:2 од Арсими. Гостинот преку Зеќири имаше 0:1 на полувреме. Во вториот дел Љиварека постигна гол за 1:1, а потоа Рамадани биеше за конечни 1:2.
Кожуф со погодоци на Ѓорѓиески и Сарески дојде до триумф од 2:0 над Борец, Каменица Саса на домашен терен загуби од Охрид со 1:2. Димоски си постигна автогол, а Охрид имаше 0:1 на полуврeме. Во вториот дел Чурлинов погоди за 1:1, а пота во 80. минута Сашо Дуков постигна гол против својот поранешен клуб за победа на Охрид од 1:2.
Александар Ванев, М-Нет