
Слога Виница како голем фаворит запиша голема победа во 6. коло од Трета лига – Исток откако со 0:3 славеше над Ударник.
Погодоците ги постигнаа Давид Ристовски, Октај Амедов и Игор Ѓорѓиев.
Голем бод за Светлост од Зрновци откако одигра 1:1 Хоризонт Турново. Гостинот преку Лазаров во 19. минута дојде до 0:1, а Мицевски во 47. минута погоди за 1:1.
Реми (1:1) во Дојран меѓу Дојранско Езеро и Брегалница од Делчево каде за домаќинот стрелец на голот беше Илиев, а за гостинот погоди Ратков.
Карбинци на свој терен славеше против Тиверија со 3:1, каде Трајков погоди за 0:1 а во вториот дел стрелаа Димитров, Стојанов и Нешовски.
Овче Поле преку Дарко Нацев го декласираше Малеш со 4:0, откако Нацев даде три гола, а еден гол даде Трендафилов.
Александар Ванев, М-Нет