Христов најдобар стрелец во Втора лига, кои се најдобри од Брегалница? Постигнат девет автоголови!

Фудбалерот на Македонија ЃП, Симеон Христов е најдобар стрелец во Втората македонска фудбалска лига со постигнати 15 погодоци. 32-годишниот Христов е искусен фудбал кој е моторот на „лавовите“.

По десет погодоци постигнаа Андреј Симевски од Каменица Саса и Никола Талески од Победа. Аљбин Рамадани е најдобар стрелец на Арсими со девет погодоци, а по седум погодоци имаат Дарко Гроздановски од Кожуф, Хусеин Демири од Башкими и Шефит Шефити од Арсими.

По шест гола имаат Сашо Дуков од Охрид, Димче Јовов од Беласица и Хамза Меметриза од Башкими. По пет погодоци во есенскиот дел од Втората лига постигнаа Илија Баламов од Вардарски, Тони Мичковски од Каменица Саса, капитенот на Детонит Плачковица, Иван Настевски и Кирил Неделков од Вардар Неготино.

Брегалница иако заврши на второто место сепак нема најдобри стрелци во врвот, со по четири погодоци се Рејјан Абази и Давид Калпачки, а толку погодоци имаат и Оливер Дишлиевски од Охрид, Христијан Кировски од Скопје и фудбалерот на Осогово, Фикрет Љиварека.

Во есенскиот дел од Втората лига беа постигнати девет погодоци. Автоголови си постигнаа Кристијан Јордановски и Павле Петров двајцата фудбалери на Борец, Христијан Бејков од Вардарски, Мартин Димоски кој го носи дресот на Каменица Саса, Христијан Коцев од Скопје, Стефан Младеновски фудбалерот на Беласица, Никола Најдовски од Кожуф, Кристијан Таневски од Каменица Саса и Лука Трајкоски од Детонит Плачковица.

Пролетната полусезона ќе започне на 15. февруари со натпреварите од 16. коло.

Александар Ванев, М-Нет