Реконструкција на спортската сала при ООУ „Димитар Влахов“ во Штип – преку спортот се создава здрава младина!

Започна реконструкцијата на спортската сала при ООУ „Димитар Влахов“ во Штип која ќе се врши во неколку фази. Во 1984 година кога била изградена оваа училишна сала досега истата не била реконструирана, како што истакна градоначалникот Јорданов преку ресорното министерство за образование и преку средства од Светска банка се издвоени десет милиони денари за целосна реконструкција на оваа училишна спортска сала.

„Започнуваат активностите за реконструкција на училиштата спортска сала при ООУ „Димитар Влахов“. Од 1984 година откако е изградена оваа спортска сала досега не била реконструирана, согласно потребите и барањата преку ресорното министерство за образование со средства од Светска банка се издвоени десет милиони денари за оваа намена за целосна рекострукција на кровот, на подот, електриката, сите реквизити и елементи внатре. Реконструкција на помошни простории и соблекувални, со што конечно после долги години потреба, се надминува уште еден проблем и потреба и на учениците и на спортските колективи, спортските работици кои ја користат оваа училишта спортска сала“, потенцираше градоначалникот Јорданов.

Градоначалникот Јорданов потенцираше дека ова е проект за реконструкција во низата на претходно реализирани проекти, а притоа истакна дека интензивно се гради со засилена динамика и спортската сала „Џексон“.

„Задоволство ми е што но сигурно училиште по училиште, спортска сала и спортски содржини се реконструираат. Ова е уште еден проект за реконструкција во низата на претходно реализирани проекти. Морам да потенцирам дека во меѓувреме се реконструираше и спортската сала при ООУ „Тошо Арсов“, во Караорман спортската сала се изгради спортски монтажен објект и сала во населбата Три Чешми, реконструирана е училишната спортска сала на средното училиште „Коле Нехтенин“. Во моментот се гради интензивно со засилена динамика спортската сала „Џексон“, кој ќе биде спортски храм во нашиот град со капацитетност од 1.100 посетители и верувам дека до средината на 2026 година практично ќе биде завршена и оваа спортска сала, што го потврдува само по себе приоритетот на општина Штип за реконструкција и подобрување на спортската инфраструктура која ја имаме на наша територија. Така и ќе продолжиме бидејќи преку спортот создаваме здрава младина, го трасираме патот на нашите ученици, на нашите млади“, додава Јорданов.

Директорката на училиштето Невенка Величкова го образложи планот и процесот по кој ќе се врши реконструкцијата на салата.

„Овој инвестициски проект е финансиран од Светска банка во насока на унапредување на инфраструктурата и на спортските активности. Реконструкцијата е предвидено да се изведува во неколку фази. Во првата фаза се опфатени четири аспекти. Првиот е реконструкција на подната површина, тоа значи дека ќе биде заменета старата подлога со поставување на современа ПВЦ подлога која ги задоволува европски стандарди. Вториот аспект е замена на кровната конструкција која ќе овозможи поголема енергетска ефикаснот и заштита од влага, третиот аспект е хидро изолација односно поставување на одводни и доводни цевки и секако замена на санитарната галантерија. Во четвртиот дел на првата фаза ќе следи реконструкција на електроинсталација со поставување на енергетски ефикасни односно поставување на штедливи лед светилки“, рече директорката Величкова.

Во втората фаза како што истакна Величкова ќе биде поставена вентилациска и громобранска мрежа, а во последната фаза ќе следи опремување на салата со спортски реквизити.

Со реконструкцијата на самата сала значително ќе се подобрат условите за настава по физичко воспитување, но истата ќе биде користена и за реализација на училишни општински натпревари.

Александар Ванев, М-Нет