Дедо Мраз на велосипед во недела ќе дели пакетчиња и подароци на децата во Штип

Дедо Мраз на велосипед ќе дели пакетчиња и подароци на дечињата во недела во Штип. Шеста година по ред, браќата Драган и Дарио Атанасови од Штип го организираат настанот преку кој е предвидено да се израдуваат најмалите. На велосипеди во недела на 28 декември ќе се вози од шеталиштето „Вачо Прќе“ до дневниот центар за деца без родители во Пребег каде ќе се поделат новогодишни пакетчиња. Потребно е само кацига и добро расположение, настанот е од отворен карактер и може да учествува секој граѓанин.

„Настанот ќе се одржи на 28.12.2025 година во 11 часот на едносмерната улица, ќе се движиме до населбата Пребег каде ќе го посетиме Центарот за деца без родители и ќе поделиме пакетчиња. Потоа правиме круг низ градот со велосипеди, и овде се поканети сите граѓани бидејќи настанот е од отворен карактер.“ – вели Атанасов.

Ќе се вози и низ Штип за точно напладне да се делат подароци на дечињата на шеталиштето Ванчо Прќе. Предвидена е и лотарија преку која на децата ќе им се поделат неколку велосипеди.,

„Движењето продолжува до едносмерната улица, предвидено се подароци за најмалите како и едно изнеднадување, наградна игра во која ќе се доделат велосипеди на најмалите“ – додава Ататанасов.

Настанот е поддржан од страна на Општина Штип, како и од општествено одговорни компании и физички лица. Целта е секое дете пред Нова Година да добие пакетче и подарок, да се пренесе позитивна атмосфера, добро расположени и празнична магија.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет