
Голем одзив на крвдарителската акција организирана по повод денот на Извидниците 22 февруари. Штипјани ред чекаа пред просториите на Црвен крст Штип да даруваат крв и да спасат нечиј живот. Само во првите два часа од почетокот на акцијата се собраа над 30 крвни единицни. По повод денот се организираат и низа други активности.
„Традиционално по вторпат ја организираме хуманитарната акција „Извидник херој на заедницата, направи добро дело и дарувај крв“. Оваа акција се организира во чест на денот на извидници и 70 години од извдници Македонија. Целта на оваа акција да придонесеме за општеството кој е еден од принципите на извидниците. По повод овој ден исто така поставуваме две закачалки на добрината и ги израдувавме нашите членови со мали подароци“ – вели Андов.
Во акцијата се вклучени и Црвен крст Штип со цел да се соберат што е можно повеќе крвни единици и да се спаси нечиј живот. Штипјани и овојпат се покажаа како хумани граѓани.
„По повод 22 февруари Денот на извидниците, извидничкиот одред Еквинос во соработа со Црвен крст Штип, институтот за трансфузиона медицина организираат краводарителска акција во просториите на Црвен Крст Штип. Извидниците под мотото „Извидникот херој на заедницата направи добро дело, дарувај крв“ ја организираа оваа крводарителска акција. Штипјани повторно се докажаа како хумани граѓани и имаше масовност во дарувањето крв“ – вели Димитровска.

Дел од крводарителите за прв пат даруваа крв и велат ова го прават за да помогнат некому, и да влијаат позитивно во општеството.
И минатогодишната хуманитарна акција реализирана од страна на извидничкиот одредед резултираше со огромна посетеност од страна на граѓаните. Од над 100 пријави речиси 80% дарувале крв.
Лаура Стојанова М-Нет