Редовно одење на гинеколог и здрава исхрана – клучни за спречување на предвремено раѓање на децата

Редовно одење на гинеколог, здрава исхрана и избегнување на штетни навики е најсилната заштита од предвремено родени деца. По повод Светскиот ден на предвремено раѓање, д-р Станче Велкова, раководител на одделот за гинекологија и акушерство при КБ Штип, укажува дека секоја превентивна мерка е од животно значење. Таа истакнува дека раното откривање на инфекции, проблемите со грлото на матката, контрола на висок притисок и третман на хронични болести се клучни за заштита на мајката и бебето. Предвремено родените бебиња се симбол на храброст и надеж, а д-р Велкова апелира на сите мерки кои обезбедуваат правилен раст и развој на овие деца.

,,Секоја предвремено родена бебешка рака, носи огромна сила храброст и надеж . Секое едно од овие деца заслужува шанса да расте и да се развива. Предвремените рагање не секогаш може да се спречат, но постојат многу фактори кои можат да го намалат ризикот. Еве неколку општи препораки како дел од превенцијата. Редовно одење на матичен гинеколог, со цел рано откривање на инфекции, проблеми со грлото на матката и висок притисок. Здрава исхрана и внес на витамини, избегнување на штетните навики како што се пушењето, алкохолот дрогата. Контрола на хроничните болести и третманот на инфекции кои што е најбитен за спречување на предвременото рагање.“, рече Велкова

Предвремено родените бебиња се оние кои доаѓаат на свет пред 37-та недела од бременоста – малечки борци со големи срца, вели Велкова.. Овој ден е нивен, ден на надеж, сила и благодарност, додава таа

,,Предвремени родени бебиња се бебиња родени пред 37 мата гестациска недела и овоие бебиња се малечки борци со големи срца. Овој ден е нивен, ден на надеж, сила и благодарност.“, додава Велкова

Предвременото раѓање е глобален проблем кој се јавува во сите држави на светот. А статистиката вели дека едно од 10 бебиња се раѓа предвреме.
Сите овие бебиња родени пред 37 недела од бременоста се изложени на ризик од различни здравствени компликации. Затоа на овој ден, се организираат различни активности, вклучувајќи кампањи, семинари и настани за поддршка. Крајната цел е да се создадат подобри услови за предвремено родените деца и да им се обезбеди правилен развој, а истовремено да се подигне свеста во јавноста за предизвиците и потребите на овие мали борци.

Иван Митев, М-Нет