Затворени 15 продавници за храна во близина на училишта во државата, АХВ откри голем број пропусти

Затворени 15 продавници за храна во близина на неколку училишта во државата, АХВ откри голем број пропусти низ инспекциските контроли кои што ги спроведе од почетокот на ноември. Со спроведените контроли утврдено е дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдени незадоволителни хигиенски барања за безбедност на храната, а од вкупно контролираните, 26 не биле регистрирани како опратори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.За утврдените недоследности изречени се и парични казни за 77 оператори, во вкупна вредност од 36.470 евра во денарска противвредност. Издадени се 103 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности и изречени се и 23 опомени.

,,Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и средни) од каде учениците најчесто купуваат храна. Со спроведените контроли утврдено е дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдени незадоволителни хигиенски барања за безбедност на храната, а од вкупно контролираните, 26 не биле регистрирани како опратори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.“, велат од АХВ

Дополнително од таму известуваат, дека 16 оператри немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-санитарен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна.

Иван Митев, М-Нет