
Поглавјата 23 и 24 за страт на Европската патека главна тема на дискусија на денешниот настан организиран од Правниот факултет во Штип, организацијата Конрад Аденауер, институтот за општествени истражувања и Центарот за Европски студии. Целта на настанот беше испитување на начините како е можно и дали воопшто е можно да има напредок во овие поглаваја и без формален почеток на преговорите.
„Овие поглавја се најзначајните за нас и за сите држави кои сакаат да пристапат кон ЕУ. Најверојатно ќе бидат отворени на почетокот преговорите и согласно новата методологија ќе останат отворени се до крајот на преговорите и од таму е целата наша и дрќавна и институционална структура и капацитетите кои постојат и во академската заедница, граѓанскиот сектор треба да бидат употребени со цел да имаме подобар напредок“ – вели Наумовски.
И покрај фактот дека државата се уште нема точно датум за преговори за влез во ЕУ, Наумовски вели дека потребно е добро владеење на правото, поефикасно и понепристрасно правосудство, борба против корупција и слично. Приоритет се сите.
Сите промени настанати во закондоавството не се само за пристапот на Макеоднија кон ЕУ туку и за сите луѓе кои живеат во Унијата, смета Преставникот од фондацијата, Даниел Браун
„Многу сум среќен денес што се собрани толку експери да дискутираат на ова прашање и она што на Македонија и недостасува не се Законите туку нивна имплементација“ – додаде Браун.
На настанот имаше и студенти кои имаа можност одблизу да се запознаат и да дебатираат за поглавјата 23 и 24 од преговарачката рамка со Европската Унија.
Лаура Стојанова М-Нет