Реализирана трета стручна средба во Апелационен Суд за измени и дополнувања на Законот на Судски Совет

Реализиран третата стручна средба во штипскиот Апелационен суд за предлог законско решение за изменување и дополнување на Законот за Судски совет. Целта е да се сумираат сите мислења и предлози за да се регулира судскиот систем. Изборот на членови на Судски совет е една од темите кои се дискутираа на денешната стручна средба, а кога ќе се сумираат крајните мислења и предлози ќе се формираат измените и дополнувањата на Законот.

„На оваа дебата се сумираат сите мислења, предлози токму од оние кои најдиректно се засегнати од имплементација на Законот кој ја регулира нивната работа. Судскиот совет целта за која е основан е всушност независност и стручност на целокупниот систем. Тоа е телото кое ги регулира сите текови во однос на судските постапки. Токму од овде тргнуваме со стручни дебати во сите апелациони подрачја и со стручната јавност за да можеме да изготвиме едно сеопфатно решение кое ќе биде имплеметирано и ќе допринесе да бидат надминати сите аномалии“ – вели Ефтимов.

Она што преставува вистинска кочница во моментот е неприменувањето на одредбите на Законот, вели Ефтимов. Додава дека потребно е имплементација на одредбите на позитивните законски прописи.

Стручни средби ќе се реализираат и во апелационите подрачја во Гостивар и Скопје.

Лаура Стојанова М-Нет