
Женската фудбалска репрезентација на Македонија денес го одигра вториот контролен натпревар против селекцијата на Црна Гора, на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, каде Црна Гора со 1:5 беше подобра.
Во првиот дел беше постигнат еден гол за водство на Црна Гора на полувреме, а стрелец на погодокот беше Ѓурѓевац. На стартот од вториот дел Црна Гора дојде до двојна предност преку Куч. Брзо потоа Македонија преку Максути намали на 1:2.
Не требаше многу за Црна Гора преку Џоковиќ да дојде до нов погодок за водство од 1:3. Во 68. минута од мечот Џоковиќ постигна фантастичен погодок за висока предност од 1:4. Следуваа неколку шанси за нашата репрезентација, но остана без реализација. Во финишот на мечот Црна Гора имаше голема шанса откако Карличиќ погоди пречка, а потоа Црна Гора постигна уште еден гол за конечни 1:5.
Претходно, на првиот контролен натпревар Македонија со 3:2 беше подобра од репрезентацијата на Црна Гора.
Александар Ванев, М-Нет