Расчистени четири дела „тешка кражба“ на територија на Штип

Расчистени четири кривични дела тешка кражба на подрачјето на Штип. За истите на разговор во полициска станица е повикано 39 годишно лице од Штип кое ги признало делата и е лишено од слобода. Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова истакна дека дел од украдените предмети се одземени и вратени на оштетените граѓани.

„Полициски службеници од Одделението за крим полиција и Отсекот за општ криминал при СВР Штип по преземени оперативни мерки и дејствија расчистија четири кривични дела „тешка кражба“ извршени во периодот од 12 до 26 октомври од маркети и подруми во станбена зграда на подрачјето на Штип. Поради постоење основи на сомнение дека ги извршил кривичните дела ид слобода е лишено лице на возраст од 39 години од Штип. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела.“ – кажа Панајотова.

По целосно комплетирање и документирање на кривично правните настани против лицето ќе бидат поднесени кривични пријави.

Лаура Стојанова М-Нет