Расте интересот кај младите за изучување на дуалното образование во средните училишта

Интересот кај младите за дуалното образование расте се повеќе од година во година. Новите техники и технологии и придобивките ги мотивираат учениците од СОУ „Коле Нехтениин“ -Штип да се одлучат за изучување на ваков вид образование. Па, така денес учениците во приватна компанија за М-нет телевизија имаа можност да го споделат своето искуство и да ја прикажат поврзаноста на теоретската со практичната настава.

„Итенцијата на образованието е да ја поврземе со фирмите односно на реализација на теоретската со практичната настава. Така да денес едноставно учениците се пристуни тука, да видат како она што го работиме во училиштето да ни овозможе да се полесно снајдат во фирмите. Фирмата во која што се наоѓаме сега е Јоле ДООЕЛ кој што последниве години набави современи машини кој што ни овозможува да изведуваме реални ситуации кај што учениците реално ќе работат на соодветна ЦЦ машина. Едноставно новите техники и технологии кои што доаѓаат во светот а и кај нас го згоемуваат бројот на ученици во нашето училиште, и нормално врз основа на тоа и бројот на ученици што се запишуваат кај нас е се поголем. Практичната настава едноставно ни овозможува да учениците директно се снајдат во фирмите, така да имаме лични примери кои што денеска се успешни мајстори„. изјави Томе Коловски

Желбата и мотивацијата се повеќе растат кај ученицте за изучувањето на дуалното образование поради напреднатата техонолгија. Па така годишно околку 150 ученици го изучуваат.

„Благодарение на оваа пракса ние се образуваме и учиме за фибер ласер, кој што е прикажан овде. Секоја недела имаме можност да учиме програми, софтвери, и трансферирање на тие податоци. Конкретно кај мене мислам дека ова е некоја предност за оваа струка, поради тоа што технологија се повеќе и повеќе се развива. Во последните години е многу поунапредена и мислам дека со текот на годините ќе биде се повеќе застапена кај нас.“ изјави Борче Ристов

„Како иден инжењер сметам дека теоријата мора да биде поврзана со практичната настава, затоа одржуваме обуки и практична настава за учениците од средното училиште , со што тие предметите кои што ги учат во училиштето можат практично да ги преименуваат во индустријата и во реалниот свет„ изјави Стефан Јакимовски

Токму затоа, синтагмата дуално образование – инвестирање во иднината станува реалност. Тоа значи, квалификувани стручни кадри, конкурентност на компаниите, зголемена продуктивност и трансфер на знаење.

Лаура Стојанова М-Нет