
Расте бројот на пациенти со стомачен вирус, а пациентите се жалат и на вртголавица, омалаксаност и повраќање. Како што соопштуваат од Итната медицинска помош Штип, најчесто лицата доагаат во тешка здравствена состојба, бидејќи се лекуваат во домашни услови и со лекарства на своја рака.
Телоп:
,,Периодов пациентите најчесто се жалат на главоболки, втоглавици, омалксаност, а особено е зголемен бројот на пациенти со стомачен вирус, со чувство на гадење и течна столица. За жал многу често пациентите доагаат доцна, откако се целосно исцрпени и немаат енергија. Во летниот период исто така, имаме и пациенти кои што имаат убод од инскети, како и пациенти кои што имаат труење со храна. Во моментот дел се третираат во матичните служби , а дел на инфективно одделение во КБ Штип, во зависност од ситуацијата на пациентите.“, соопштуваат од Итната медицинска помош Штип
Од Итната медицинска помош, апелираат на големо внимание, особено да се почитуваат препораките на министерството за здравство и центарот за јавно здравје
,,Апелираме граѓаните да ги почитуваат препораките на министерството за здравство, како и центарот за јавно здравје. Осовено лицата со хронични заболувања редовоно да ја пијат својата терапија, да внесуваат доволно течности, од 9 до 18 часот да не излегуваат на жештините. Доколку се приморани, тоа да го прават со носење на светли облеки, очила, капи и шешири. Доколку лицата имаат било какви промени со здравствената ситуација, апелираме веднаш да се консултираат со матичните лекари. Апелираме и до сите учесници во сообраќајот, да не консумираат алкохол и да се придржуваат до сообраќајните правила.“, додаваат од Итната медицинска помош Штип
Инаку, од утре се очекува пад на дневната температура, која ќе се задржи до сабота. Од недела кон понеделник се очекува повторно високи температури. Со оглед на промените, лекарите и понатаму алармираат на почитување на препораките, бидејќи температурите можат да придонесат за влошување на здравствената ситуација.
Иван Митев, М-Нет