Расте бројот на деца со забавен развој на говорот, екраните најголеми штетници

Расте бројот на деца со говорно-јазични потешкотии, а една од најголемите причини е предолгото изложување на екрани во најрана возраст, вели логопедот Тања Андоновска од штипската детска градинка Вера Циривир Трена. Таа објаснува дека овие потешкотии можат да имаат и органски или психолошки основи, но сè почесто се предизвикани од средински фактори. Децата кои поминуваат многу време пред телефони, таблети и телевизори често покажуваат забавен развој на говорот и комуникацијата. Според Андоновска, ова влијае и на нивната способност за социјална интеракција. Поради тоа, таа нагласува дека е неопходно внимателно да се регулира времето пред екрани кај најмалите.

,,Причините за говорно јазичните проблеми може да бидат различни можат да бидат органски тип, а од неоргански тип психолошки, додека можат да бидат и како резултат на срединските на средината во која што детето расте. Се почеста e појавата на таканаречениот екранизам кај децата, Наликува на аутизам, но не е аутизам, туку екранизам и е предизвикан од срединските фактори во кои што детето расте. Доколку е изложено во несоодветната ворзаст предолго време пред екрани.“, рече Андоновска

Андоновска апелираше родителите да го ограничат времето пред екрани за да го заштитат развојот на говорот и социјалните вештини на децата. Само со внимание и редовна контрола, децата ќе можат да зборуваат како што треба и да се дружат со другарчињата без проблеми.

,,Мојот апел е свесно да не наштетуваат на децата, затоа што предолгата изложеност пред екраните не го дава отребниот градежен материјал за да се овозможи здрава сензорна интеграција, која е многу важна за здрава единка. Не е добро детето од најраната возраст од 0 до 4 годишна возраст не е добро да биде премногу изложувано пред екрани и да користи таблети, да бидат достапни за него телефони и сетоа она кое што негативно влијае. Затоа што информацијата детето ја добива како сетилно чувство. Предолго изложени прима информации само од електронскиот уред. Ги слуша тие звуци, ги слуша тие гласови, гледа анимации, а во продуктивни периоди и важни саати кога треба да прима природни информации од околната средина која што го опкружува. Се почесто имаме деца кои што многу добро изговараат англиски зборови, а пример детето е четири годишна возраст.“, додава Андоновска

Андоновска апелираше родителите да го ограничат времето пред екрани. Само така децата ќе можат правилно да зборуваат и да се дружат со другарчињата без проблеми.

Иван Митев, М-Нет