Хуманоста собра голем број верници во храмот Св. Никола во Штип, масовно се даруваше крв

Голем број верници, свештеници и граѓани денес даруваа дел од својата скапоцена крв во храмот „Св. Никола“ во Штип, со цел да спасат човечки животи. Акцијата започна во 9 часот и за кратко време црквата беше исполнета со луѓе подготвени да помогнат. Храмот се претвори во тивко, но моќно место преполно со хуманост, каде секој дарител даваше надеж за нечиј нов живот. Организаторите наведоа дека акцијата поминала организирано и со стабилен одѕив. Денешната крводарителска акција уште еднаш ја потврди важноста од ваквите хумани иницијативи.

Протојерејот Добрица Јанев од настанот посочи дека ваквите акции се важни бидејќи црквата, освен духовно, има должност да придонесе и кон општото добро.

Инаку, настанот се одржа во просториите на црквата св Никола во Штип со почеток од 9 до 14 часот. Според последните информации, акцијата денеска помина со задоволителен број дарители.

Иван Митев, М-Нет