
Колку жените денеска се со исти права како и мажоте? На Меѓународниот ден на жените и неговото празнување речиси еден век се поставува прашањето колку жените успеале борејќи се да ги добијат правата кои ги заслужуваат. Се вработуваат ли на раководни функции, имаат ли право на економски и социјален статус идентичен како и мажите, прашавме на терен денеска во Штип. Анкетираните граѓани согласни дека за разлика од претходно работите се доста променети, а рамноправноста кај жените е многу голема за разлика од минатото.
„Сега жените имаат повеќе права, едно време помалку немаа, сега имаат право, еве денес ни е празникот.
„Треба да биде реално и за мажо и за жената, иста работа работат и жената и мажот.“
Жените со поделено мислење кога се во прашање нивните права. Едни велат дека има рамноправност, а други дека се уште жените ги немаат своите права. Но сепак, сите работат на различни места, а ги има и во јавната администрација.
„Па има некој вработени, некој нема вработени зависи, некој учил и работи на обично работно место.“
Иако иима напредок во рамноправноста, жените се уште се соочуваат со безброј бариери и родова дискриминација. Повеќето сметаат дека еднаквите права на мажот и жената се клучни за унапредување на мирот, одржливата демокртија и економскиот развој.
Лаура Стојанова М-Нет