Висок процентот на жени вработени во јавната администрација во Штип, Карбинци и Делчево

Над 50% од вработените во Општина Штип се жени. Претседателот на Советот на општината е жена, жена е и секретарот на Општината. Од 76 вработени жени, пет се на раководни функции вели сектертарор Вишна Шорова-Ангелова. Со ова се покажува дека жените се рамноправи во областа на вработувањето, конкретно во Локалната самоуправа во Штип. Дополнително тие се ценат и од аспект на одговорно извршување на нивните работни задачи.

„Во Општина Штип од вкупниот број на вработени има над 50% жени кои се вработени. Некаде околу 76 жени се вработени од кои пет се раководителки, и тоа е 50% од вкупниот број на раководители. Тоа значи дека жените котираат високо позоциите во Локалната самоуправа и се разбира соработкта со нив е на многу високо ниво од аспект на одговорност и извршување на работните задачи.“ – вели Шорова-Ангелова.

Слична ситуација со висок процен вработени жени во јавната администрација има и во дел од останатите општини од Истокот. Во Општина Крабиници од 14 вработени во Локалната самоупрва дури девет се жени, или високи 64%. Жени има и во советот на Општината, па од вкупно девет советници три се жени.

Речиси идентичен број на вработени мажи и жени има во Општина Делчево. Од вкупно 46 врабитени 22 се жени, а само двајца повеќе односно 24 мажи. Од 15 советници 10 се мажи, а пет се жени.

Ваквата ситуација на терен сведочи за правата кои ги добиваат жените во општеството каде живеат, како и можноста да работат на позиции идентично како и мажите.

Лаура Стојанова М-Нет