Ракометниот клуб Астибо од Штип врши уписи на нови членови

Ракометниот клуб Астибо од Штип започна со уписи на нови членови, кои сакаат да бидат дел од оваа ракометна школа.

Сите заинтересирани девојчиња со наполнети седум години може да се запишат и да бидат дел од ракометниот клуб Астибо, но доколку има заинтересирани девојчиња и со помала возраст вратите на клубот се отворени и може да се запишат. Тренер е искусната ракометарка Марија Анчева, која ја води пионерската екипа на штипскиот клуб, која минатата сезона беше на фајнл-форот и испиша голем успех.

Ракометниот клуб Астибо се натпреварува во Суперлигата, а тоа е уште еден мотив за младите ракометарки и оние кои ќе ја започнат ракометната приказна да ги следат успесите на Марија Анчева и да заиграат и за сениорскиот тим кој е дел од од ракометната елита на Македонија.

Тренинзите и натпреварите се реализираат во спортската сала „Тошо Арсов“ во Штип.

Александар Ванев, М-Нет