
Во Ракометната федерација на Македонија се разгледува можноста за друг систем за натпреварување во машката Супер лига од сезона 2027/2028, а притоа ракометната елита останува со ист број на екипи односно 12 екипи, без да има кратење.
Според досегашниот систем по комплетирање на регуларниот дел првиот шест екипи се натпреваруваат во плеј-оф каде разигруваат за титула и излез во Европа, останатите екипи разигруваат за опстанок.
Сега според системот кој е на маса и се разговара ќе значи дека од сезона 2027/2028 првите четири екипи од регуларниот дел ќе формираат група каде ќе се игра за шампионска титула, потоа екипите од 5 до 8 место ќе се борат за излез во Европа, а пак екипите од 9 до 12 место ќе влезат во трка за опстанок во елитата.
Александар Ванев, М-Нет