
Ракометарите на Текстилец УГД утре ќе го одиграа последиот натпревар за оваа сезона, откако во рамки на 26. коло на Првата лига на домашен терен во спортската сала „Тошо Арсов“ во Штип со почеток од 13 часот ќе се соочат со екипата на Шампион.
Овој меч е последен за сениорскиот тим на Текстилец УГД, меч на кој штипјани се фаворити за триумф, а со кој триумф имаа можност да направат прогрес и сезоната да ја завршат на шестото место, ако Аеродром загуби на гостувањето кај Јехона.
В недела, Македонија ЃП ќе игра на домашен терен против Вардар Неготино во дерби меч за четвртото место на табелата.
Колото ќе се комплетира дури во вторник со дербито во Автокоманда меѓу Мулти Есенс и Драчево Јуниор, ако тимот на Мулти Есенс слави тогаш ќе биде шампион во Прва лига и ќе обезбеди директен влез во Супер лигата, ако загуби тогаш Младост од Богданци ќе биде шампион и ќе патува во елитата.
Тимот од Богданци со резултат од 34:17 ја доби Преспа, а пак Овче Поле на домашен терен со тесни 26:27 загуби од Партизан, па така тимот од Свети Николе со пораз ја затвори сезоната.
Александар Ванев, М-Нет