
Екипата на Тиверија Брера ја освои втората Куп титула откако во финалето славеше со убедливи 5:0 над Каменица Саса.
За струмичкиот тим ова беше петто финале и освоена втора Куп титула, додека пак за екипата од Македонска Каменица ова беше четврто Куп финале.
Натпреварот понуди неколку шанси на почетокот, Ана Димитровска не искористи шанса кога погоди статива, а пак Данче Карпузовска погоди пречка. Потоа следуваше момент кога имаше направено фаулирање во казнениот простор, а по прегледување на ВАР беше донесе одлука кога главниот судија Марјан Дејаноски покажа на белата точка, а Теона Галабовска беше сигурна за 1:0. До крајот на првиот дел Павлинка Николовска од слободен удар ја дуплираше предност, а до крајот на првиот дел Билјана Панеска постигна гол за 3:0.
Во вториот дел со двата гола на Ане Бошеска беа поставени конечните 5:0 за радост на Тиверија Брера за втора Куп титула во клупската историја.
Александар Ванев, М-Нет