Ракометарите на Охрид со триумф над Вардар на пријателски меч во Маврово

Ракометарите на Охрид вчера одиграа пријателски меч на кој забележаа триумф над Вардар со резултат од 27:26.

Тестот беше одигран во рамки на подготовките за новата сезона во Маврово. Вардар во првиот дел од мечот имаше четири гола предност, а потоа „гладијаторите“ ја намалија разлика и на крајот од првиот дел резултатот беше 12:14 за Вардар.

Во вториот дел Охрид веднаш го израмни резултатот, а потоа направи и пресврт на резултатот и имаше водство. Неизвесноста траеше до самиот финиш, а на крај Охрид со 27:26 беше подобар од Вардар.

Кај Охрид најдобри беа Цирар и Шешеиќ со по седум гола, а кај Вардар со исто така седум гола најдобар беше Петриќ.

Двете екипи продолжуваат со подготовките за новата сезона од Суперлигата.