
Со натпреварот помеѓу домакинот Египет и Чиле вчера започна Светското првенство во Ракомет – мажи во кој меч победи Египет со резултат 35:29. Денес на програмата ќе се одиграат 7 натпревари а свој старт ќе има и репрезентацијата на Македонија. Напшиот подмладен тим во својот состав сепак ќе ги има искусните Лазаров, Стоилов, Пешевски, Поповски, голманот Митревски а за противник ќе ја има ослабената селекција на Шведска која ќе настапи без повеќемина стандардни првотимци. Натпреварот Македонија – Шведска ќе започне во 20.30 часот со директен пренос на каналот на МТВ. Како што е познато Македонија како прва резерва настапува на овој ракометен мундијал по откажувањето на репрезентацијата на Чешка по големиот број заразени свои играчи од ковид 19. Вториот натпревар Македонија ќе го одигра на 16 Јануари против Египет а третиот и последниот во групата „ Г “ ќе го одигра со Чиле на 18 јануари.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk