Раздвижен и скап пазарот во Штип денеска

За поголем дел од штипјани кои денеска го посетија градскиот пазар цените на производите се високи. Пред камерите на М-Нет телевизија велат доматот држи висока цена, па купуваат од тезгите надвор од пазарот. Дополнително на ова покачен е превозот, а тие мора да дојдат за да ги купат основните производи за живот.

„Скапо, многу. Ни ја покачија и цената на превозот беше 120 денари сега е 130 денари, а мора да се возиме, да дојдеме на пазар, многу сакпо.

За произведувачите на зеленчук и овошје и продавачи на градскиот пазар во штип промени на цените речиси и да нема. Не најавуваат ниту драстична промена на цените за наредниот петок, бидејќи како што истакна тоа не зависи само од нив.

Високите температури односно временски прилики ја диктираат и раздвиженоста на пазарот во Штип. Денеска во утринските часови имаше поголем апосетеност, која продавачите ја оценија како задоволителна.

Лаура Стојанова М-Нет