
Скап последен пазар пред Велигден во Штип. Цените високи, а купувачите велат не се почитуваат ниту мерките од страна на Влада за замрзнати цени на краставиците, доматот и пиперот. Но, сепак мора да се излезе да се купи храна и да се подготват за празникот, како што додаваат секој според своите можности.
„Цените солени ама треба да се празнува и ќе дадеме некоја пара повеќе. Владата може само да си напише ливче и да го залепи на чело, на пазарот не смее да има ограничување.“ – велат купувачите.
И покрај лошоите временски услови раздвиженост и побарувачка на пазарот во Штип имаше, па задовлни од побарувачката се и самите продавачи. Дел од нив велат ги почитуваат замрзнатите цени на производите, друг дел додаваат дека не можат да ги почитуваат, додека не почне на пазарите да се пласира домашно производство.
„Мора да се пофалиме, луѓето стварно се излезени сите, побарувачката е голема. Можамда кажам дека на пазарот е како е набавена робата од големите трговци така ние ја продаваме. Ако таму доматот е 120 денари овде ќе биде 140 денари. Краставицата е од 100 до 120 денари, а доматот од 130 до 150 денари“ – велат продавачите.
И покрај високите цени и денска на пазарот во Штип најмногу се бараа и купуваа доматот, краставицата, зелената салата и сезонското овошје.
Лаура Стојанова М-Нет