Радевски ќе им суди на Напредок и Речица, Ибраими ќе го суди дербито меѓу Џепчишти и лидерот Влазерими

ФОТО: Телевизија М Нет

Овој викенд се играат натпреварите од 13. коло од Третата македонска фудбалска лига – Запад, а веќе се делегирани и судиите кои ќе ја делат правдата на сите шест натпревари.

Колото ќе биде отворено веќе утре со два натпревари, а ќе биде затворено во недела исто така со два натпревари.

Напредок на домашен терен ќе игра против Речица, во меч каде трите бодови за некогашниот прволигаш од Кичево се од капитална важност, а правдата на овој меч ќе ја дели искусниот судија Дарко Радески од Брвеница, Тетово.

Дрита на домашниот терен во Боговиње ќе го пречека составот на Љуботен, во меч каде домашниот тим ќе ја има улогата на фаворит поради домашниот терен, но Љуботен во Боговиње доаѓа во победничка серија и ќе бара трета пролетна победа во низа. Задолжен за правдата на овој меч ќе биде Пларент Салихи.

В недела се игра дербито на колото меѓу Џепчишти и Влазерими, дерби на кое главен судија ќе биде Бархиљ Ибраими.

Зајази на домашен терен ќе се соочи со екипата на Камјани, а овде задолжен за правдата ќе биде Фуркан Идризи.

Александар Ванев, М-Нет