
Овој викенд нема прволигашки и второлигашки фудбал поради репрезентативната пауза, па некои од екипи истата ќе ја искористат да одиграат пријателски натпревари.
Штипскиот прволигаш Бреглалница ќе одигра пријателски натпревар против второлигашот Кожуф од Гевгелија, веќе утре на Градскиот стаидон во Штип со почеток од 15 часот.
Брегалница е во зоната за директно испаѓање во Втора лига со 22 бодови на своето конто и без триумф на последните пет натпревари, од друга страна Кожуф е во резултатска криза и во пролетниот дел нема триумф. Второлигашот од Гевгелија се наоѓа на 10. место со 24 бодови на своето конто.
Александар Ванев, М-Нет