
17 декари површина на која се одгледува модра слива, работа еден тон за да се добие краен производ кој ќе се пласира на пазарите. Ристе Николов од радовишко од дете е во нива и се занимава со одгледување на сливи, праски и лозје. Вели работа има – работници не, мака многу – исплатливост делумно. Продава на големо и мало за да може да продаде се она што со труд и пот е произведно со цел да има за егзистениција од земјоделството.
„За нас испаѓа скапо, секогаш тој што продава мисле малку пари зема, тој што купува мисли дека многу дава. Нивата не може да роди без да го работеш. Мора да има обработка, кроење, наводнување, прачки собирање, копање, орање, – голема е процедурата додека да доеш до финален производ. Ама ние мора да соработуваме со муштериите, и ние сме задоволни. Работиме сами со сопругата“ – вели Николов.
На сонце, на екстремно високи температури тие се во нива, велат мора да се работи за да има да се продава. И на крај немаа стаж, останала само маката за корка леб. Високи цени за препарати, нафта, нема кој да работи, а цената на сливата едвај 50 денари за килограм. Ама како пшто посочува Николов не може да се продава поскапо оти и народот нема пари.
„Егзистираме претежно од земјоделието ама тешко, порано полесно се вадеше парата имаше вредност парата, сега нема вредност. Сѐ е скапо, качи се нафтата, ѓубре, препарати и слабо останува ама за еден живот колку толку има. Ние работиме цел ден на сонце, а на крајот беницифиран стаж имаат само полицајците, ние земјоделците немаме, иако цел ден работиме.“ – додава Николов.
50 до 60 денари зе килограм слива на пазарот во Штип, исто колку и на останатите пазари, а цената се намалива кога станува збор за откуп на големо. Загрижува фактот што веќе нема млади кои ќе работат во иднина и ќе произведуваат домашна слива, праска или друга овошка.
Лаура Стоајнова М-Нет