ПРИЈАТЕЛСКИ: Новаци ја доби Победа, реми за Охрид, победи за Пелистер, Воска Спорт

Македонските прволигаши и второлигаши продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари преку кои ја темпираат формата за новата сезона.

Второлигашот Охрид Лихнидос ремизираше без погодоци (0:0) против албански Елбасан.

Пелистер со 2:1 беше подобар во Битола против повратникот во второлигашкото друштво екипата на Вардар од Неготино.

За Пелистер стрелци беа новото засилување Размоски и Талевски, а пак за неготинци од белата точка во 95. минута погоди новото засилување Алексовски.

Повратникот во Втората лига екипата на Новаци со 1:2 го доби ланскиот прволигаш Победа од Прилеп.

Новаци предводен од Крстевски одигра одличен меч. По 1:1 во првиот дел, во второто полувреме Новаци стигна до втор гол за победа. За Новаци стрелци беа Иве Трифуновски и Јасин Казимоски.

Воска Спорт на стадионот во Струга со 2:1 го доби косовскиот тим Малишева.

Бехар Фета беше стрелец на првиот гол, а вториот гол беше дело на новото засилување Николче Шаркоски.

Кожуф со 3:1 славеше над Тетекс во контролен натпревар.