Пченицата се продава по цена од 9 денари, еден леб 30 денари – земјоделците реагираат дека се во загуба

Цената од девет до десет денари за килограм пченица е далеку од производната цена. Побарувачката во моментот не е голема, велат земјоделците од штипско карбинскиот регион. Надеж во целата ситуација велат даваат субвенциите од Влада, како и одлуката сите кои ја продале пченицата во преработувачки центри да имаат три денари плус по килограм.

„Во моментот цената е уште од девет ипол до десет ипол денари, и во моментот нема некоја побарувачка голема. Меѓутоа Владата донесе одлука на 5 септември тие што имаат продадено пченица во преработувачки центри да имаат по три денари по килограм субвенции. Со тоа доаѓаме до приближно до производната цена. “ – вели Серафимов.

Ако пченицата се продава по цена од девет денари за килограм, а еден леб е 30 денари во тој случај најзагрозени се земјоделците, вели Серафимов. Ако на ова се додаде и приносот кој годинава беше среден ситуацијата е далеку од добра.

„Велиме дека пченицата се откупува по девет денари а лебот се продава по цена од 30 денари 400 грама. Не знам кој треба да се жали, дали пекарите, дали прекупците, дали земјоделците. Земјоделците с во секој случај најоштетени. Родот беше среден оваа година, движе се некаде ококлу 270 килограми до 300 максимум, два ипол до три тона по хектар.

Земјоделците се надеваат на подобар откуп перидоот кој следи со цел да продолжи да се произведува пченица и јачмен во државата, но и да може соодветно да се продаде.

Лаура Стојанова, М-Нет