
Петочен, пазарен, раздвижен ден. Иако празничен, ама сепак купувачите не изоставија и овој петок да не се присутни на пазарот во Штип. Цените за некого скапи, за некого складни, ама побарувачка имаше, особено на зеленчукот кој го приготвуваат за зимница и туршија за предстојната зима. Според продавачите цените се складни, имајќи во предвид сушната годината, но и немањето млада сила да работи на нивните ниви.
Потребно е да се води есап и да се внимава по колку килограми ќе се купува, велат купувачите и додаваат дека според сумата во џеб некој зимница и годинава нема да имаат.
Во согласност цените на денешниот пазарен ден, цените за килограм зелечукот потребен за зимницата се движеше од 60 до 100 денари, а најголема цена држеме лукот кој се продаваше под цена од 400 денари за килограм.