
Недела дена откако започна откупот на тутун во Карбинци, утринава немаше гужва пред откупниот пункт. Имаше продавачи кои дошле да го продадат своетот производство на тутутн, но не се задоволни од откупната цена. Дополнително на ова тие истакнаа дека тутунот кој сега го продаваат е лански, па откупувачите го декларираат како четврта класа.
„Сега имаме 15 кутии, прашаа ме дали е ланско или од оваа година, велам ланско, вели ако е ланско четворка ќе биде. Не сме задоволни ама нема што да правиме, ланскиот сега го продаваме, овајгодишниот другата година и така“
За овогодинешното производство на тутун продавачите велат дека најверојатно откуп ќе чекаат догодина, а се уште не е продаден ни целиот минатогодишен род. Годинава тутунот според нив е со добар квалитет, а има и доволни количини произведсено жолто злато.
По која цена се откупува тутнот, дали има доволно производство и заинтересирасно од произведувачите на тутун за негова продажба се обидовме да добием одговор и од откупувачите во пунктот во Карбинци, меѓутоа одговорното лице кажа дека има забрана да дава изјави пред камера.
Инаку, минататата година откупот на тутун во Карбинци претрпи доста потешкотии, бидејќи продавачите не беа задоволни од цената и од класифицирањето на истиот. Пред се тоа е и главната причина поради која ланската реколта на тутунарите стои не продадена.
Лаура Стојанова М-Нет