
Дел од Малешевските планини се прогласени за заштитено подрчаје. Ова како предлог беше прифатено на 127 мата седница на Владата, со што дел од Малешевските планини се заштиетни во категоријата V заштитен предел. За градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пеќески ова е резултат на четиригодишната напорна работа, и со ова се придонесува за зачувување на чиста животна средина.
„На вчерашната 127 седница на Владата дел од Малешевските планини се прогласени за заштитено подрачје, заштитен предел, кој е резултат на четиригодишната напорна и посветена работа на целиот тим. Од аспект на прогласувањето истото ќе значи потикнување и развој на туризмот и особено на Локалната економија. Се надевам дека ќе биде атрактивно за туристите, а особено за животната средина и зачувување на културното богатство, шумите на подрачјето на двете општини.“ – кажа Пекески.
Површината на идното заштитено подрачје – Заштитен предел Малешево, изнесува 11.460,89 хектари, во рамките на кое се предложени и дефинирани три зони во заштитено подрачје Малешево, воспоставени заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата.
Претходната година во месец ноември за заштитно подрачје беше прогласен и дел од Осоговските планини. Со ова територијата на заштитени подрачја на ниво на државата се зголеми на 13,8%.
Лаура Стојанова М-Нет