
Тринаесет во Пехчево и 75 во Берово e бројот на лица кои се во домашна самоизолација, а како резултат на враќањето од други земји. Ниту едно од лицата, засега нема симптоми на Ковид-19, информраат од Центарот за јавно здравје во Кочани, каде од денес е отворен пункт за тестирање за сомнителни и позитивни. Тестирањето ќе се врши со посебни протоколи во договор со матичните лекари. Во план е да се отвори ваков пункт и во Берово.