Пропадна и третиот обид за поставување фотоволтаици на кровот на стариот ректорат во Штип

Пропадна и третиот обид да се постават фотоволтаични панели на покривот на зградата на рекоратот во Штип. Според ректорот, Дејан Мираковски интерес од големите фирми за реализирање на овој проект нема. Тие како државна институција имаат критериуми кои треба да бидат осполнети, поточно фирмите да бидат со А лиценца, а тоа го имаат само големите компании. И овде е проблемот. Тие работат на големи проекти, и затоа пропадна обиодт на УГД Штип. Но, и покрај се Мираковски е оптимист дека овој проект ќе биде реализиран во иднина.

“За жал, не. Повторно имаме слаб интерес од страна на големите компании. Ние како државна институција сме обврзани да бараме да имаат повиско ниво на компетенции тие што се пријавуваат на тендерите. Имаме услов да бидат со А лиценци и тоа се генерално големите компании. Ама тие работат на поголеми проекти и интересот за нашиот релативно мал проект не им е приоритет. Направивме три обиди, се надевам ете дека после третиот ќе успееме“ – вели Мираковски.

Според првичните анализа фотоволтаици требаше да се постават прво на кровот на Стариот ректорат, а потоа проектот да продолжи и да се постават на кампус два и на правниот факултет. Со ваквата инвестиција би се штедело електирчна енергија, со што би се намалиле и сметките за струја.

И додека на УГД им пропадна и третиот обид запоставување фотоволтаици, Општина Штип уште со неколку општини од Истокот чека одобрување на проектот за фотовлтаици да се постават на кровот на општинската зграда, на кровот на ОУ Ванчо Прќе и на филтер станицата.

Лаура Стојанова М-Нет